Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ синоќа беше на клупата на Болоња, иако повеќе од еден месец се лечи од тешката болест, леукемија. Михајловиќ минатиот месец откри дека боледува од леукемија, но дека нема да се предаде и дека покрај лекарските терапии, тој ќе остане тренер на Болоња.
Во првото коло од италијанската Серија А, Болоња гостуваше кај Верона, а Михајловиќ беше покрај аут-линијата. Болоња одигра 1:1, а она што многумина го забележаа е тоа дека Србинот за многу кратко време загубил поголем број килограми поради болеста.
Bologna manager Sinisa Mihajlovic left the hospital after 40 days to be on the sidelines when his team face Hellas Verona today.
(via @DAZN_IT) pic.twitter.com/doIQBfLSMv
— Photos of Football (@photosofootball) August 25, 2019
Траги од лекувањето можеа да се забележат и на неговиот врат, а беше забележано дека Михајловиќ кога излегуваше од автомобилот за да тргне кон стадионот, на лицето носеше маска, која сепак ја немаше за време на дуелот.