Левандовски наброја шест кандидати за титулата во Лигата на шампионите

Роберт Левандовски, кој во гласањето за Златната топка беше втор, даде своја прогноза од кои клубови очекува да ја освојат Лигата на шампионите. Напаѓачот на Баерн Минхен се разбира дека во кругот на фаворити го спомна и баварскиот гигант.

„Мои фаворити се Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ, Реал Мадрид, Челзи и ние. Осминафиналето се игра во февруари, има уште многу време дотогаш, може многу работи да се сменат, но во моментов, според мене, овие шест тима се пред другите“, вели Левандовски, кој направи споредба и меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„Меси игра со голема леснотија, а Кристијано многу напорно тренира за да стане тоа што е и затоа многу го ценам“, вели популарниот Леви.

- Оглас -

Најнови вести