Левандовски бил за „влакно“ од трансфер во Џенова

Роберт Левандовски пред десет години бил пред трансфер од Лех Познањ во Џенова, вели некогашниот спортски директор на италијанскиот клуб чиј дрес сега го носи Горан Пандев. Стефано Капоцука тврди дека трансферот бил завршена работа, но во последен момент работата се изјаловила и потоа Лева премина во Борусија Дортмунд. Останатото е историја.

„Трансферот практично беше завршен. Тогашниот тренер Гасперини добро го познаваше Роберт. Беше договорен термин за лекарски преглед, но претседателот Прециози не успеа да направи конечен договор со Полјаците и ги прекина преговорите. Сега гледаме дека тоа беше голема грешка“, открива Капоцука.

Во летото во 2010 година Левандовски потпиша за Борусија, од каде што четири години подоцна замина во Баерн Минхен. Како утеха за Џенова е што во 2004 година за мали пари го доведоа Диего Милито, а слично беше и пред некоја година со еден друг Полјак, Кжиштоф Пјонтек, кој потоа го продадоа повеќекратно поскапо во Милан.

- Оглас -

Најнови вести