Роберт Левандовски вели дека бил погрешно интерпретиран во неговата изјава за полска телевизија, што ја пренесоа светските медиуми и која предизвика голем интерес.
Левандовски рече дека се надева дека Меси ќе зборува искрено, а не со празни зборови да ја објасни ситуацијата со доделувањето на Златната топка на Франс фудбал.
„Се чуствувам тажно, нема да кријам. Фактот дека се борев со Меси покажува колку сум бил добар изминативе години. Се надевам дека Меси ќе зборува искрено и ќе даде искрена изјава, а не само на ‘празно’“, изјави Левандовски за полските медиуми.
Сега во нова изјава за „Кикер“ Левандовски објасни дека неговата изјава била лошо интерпретирана и дека никогаш не мислел дека Меси не е искрен и сериозен“
„Дојде до лоша интерпретација на моите зборови во интервјуто за поплската телевизија. Никогаш не сум рекол и не сум мислел дека Меси не е искрен и сериозен“, рече Полјакот.
Доделувањето на Златната топка предизвика многу контроверзи, коментари и реакции, а познато е дека ја доби Меси, по седми пат, иако многумина сметаа дека требаше да му се додели на Левандовски.
Веднаш на церемонијата на доделувањето, Меси изјави дека Левандовски ја заслужува Златната топка и предложи да му се додели за ланската сезона, кога немаш награда, поради пандемијата со Ковид 19.
Сега Роберт Левандовски предизвика големо внимание со изјавата, па се обиде да се корегира со нова за германски „Кикер“.