Роберт Левандовски е еден од најдобрите напаѓачи во последниве 15-тина години во светски рамки. Ветеранот и оваа сезона игра одлично и е еден од најдобрите во тимот на Барселона, каде е од 2022 година.
Договорот на 37-годишниот Левандовски со каталонскиот гигант ќе истече на крајот од сезоната и прашање е дали ќе остане во клубот или ќе мора да бара нов клуб. Неколку екипи од Саудиска Арабија, како и европските гиганти Милан, Галатасарај и Фенербахче веќе официјално упатија понуди за Левандовски, давајќи му голема плата.
Сепак, Левандовски има само еден план, а тоа е и следната сезона да остане на „Камп Ноу“. Пини Захави кој е агент на Левандовски, веќе му пренел на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта дека голгетерот сака да остане во клубот, дури и по цена да се одрече од поголем дел од платата која ја добива сега.
Левандовски сезонава постигна осум голови во 12 средби кои ги одигра за Барселона. Желбата на ветеранот е јасна, сега останува дали челниците на Барселона ќе се сложат и ќе му го продолжат договорот.

