Барселона оствари триумф (1-2) против Валенсија на гости на отворањето на новата сезона во Ла Лига. Столе Димитриевски остана на клупата, а Ѓорги Мамардашвили беше на голот на Валенсија. Не можеше да го спречи Роберт Левандовски, кој со два гола обезбеди победа за каталонскиот тим на дебито на Ханси Флик во шпанското првенство.
Hugo Duro!!!pic.twitter.com/1u1gNICJDx
— PushGoals (@PushGoals) August 17, 2024
Валенсија поведе со голот на Хуго Дуро во 44.минута, но Левандовски во последните мигови од првиот дел, во судиското продолжение, израмни на 1-1.
Lewandowski draws level!pic.twitter.com/8kgrGyTDQJ
— PushGoals (@PushGoals) August 17, 2024
Полскиот интернационалец на почетокот на вториот дел реализираше пенал во 48.минута, што беше доволно за каталонскиот состав да освои три бода на „Месталја“.
Robert Lewandowski makes it two!
— PushGoals (@PushGoals) August 17, 2024
Barcelona gets lead 1-2pic.twitter.com/4LItUhBBHv