Левандовски е машина за голови, фудбалер на Жирона си постигна автогол со рака (Видео)

Фудбалерите на Барселона дојдоа до убедлива победа над каталонскиот ривал, Жирона, од 4-1 и повторно ја вратија предност од три поени пред Реал Мадрид. „Каталонците“ дојдоа во водство од 1-0 на интересен начин. Чешкиот фудбалер во дресот на Жирона, Ладислав Крејчи, во 43-тата минута си постигна автогол со рака.

Арнаут Данџума во 53-тата минута израмни на 1-1, а тогаш на сцена стапи Роберт Левандовски и со головите во 61-вата и 77-мата минута донесе убедливи 3-1 за Барселона. Конечните 4-1 беа дело на Феран Торес во 86-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести