Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, иако има 36 години, не престанува да ги тресе противничките мрежи и игра во одлична форма. На досегашните 16 натпревари во сите натпреварувања тој постигна 19 голови, што е навистина импресивно.
Летово се пишуваше дека Левандовски сигурно ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната и дека Каталонците имаат голема желба да го доведат Ерлинг Халанд, но неколку месеци подоцна ситуацијата драстично се промени.
Левандовски со своите одлични игри ги натера челниците на Барселона да го „оладат“ интересот за Халанд и сега дури постои можност Полјакот да го продолжи договорот за уште една година.
Тој има договор до летото 2026 година, но и опција за продолжување на соработката за уште една сезона, и како што стојат работите, Барселона сериозно размислува во наредниот период да ја искористи и да потпише нов договор со Левандовски.
Она што посебно ги воодушеви навивачите на Барселона е потегот на Левандовски, кој покажа колку сака да остане во клубот што е можно подолго.
Шпанските медиуми пишуваат дека Роберт Левандовски им порачал на челниците на клубот дека е подготвен и на намалување на платата за да остане во Барселона, и дека ќе прифати сè што ќе му понудат во врска со продолжувањето на договорот.
🚨 Robert Lewandowski is prepared to take a pay cut to stay at Barcelona for longer and his impressive form has seen the club cool their interest in Erling Haaland.
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 8, 2024
🗞️ @SPORT pic.twitter.com/ymFuCS0zUi