Левандовски е Златна копачка во моментов, Имобиле и Роналдо чекаат, но и Меси не е отпишан

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, со 30 гола сезонава, има 60 поени во трката за Златната копачка како прв стрелец во Европа и додека не почне италијанската лига, нема да биде загрозен.

Полјакот има 60 поени, што е за 6 подобро од Чиро Имобиле од Лацио, но Левандовски има уште три меча за играње до крајот на сезоната, а кога ќе продолжи Серија А, Имобиле ќе има прилика да игра дури на 11 средби и да го надмине Левандовски. Имобиле пред корона-паузата беше прв со 27 гола, што се 54 поени.

Моментно трет е Тимо Вернер од Лајпциг со 50 поени, Ерлинг Халанд има 46, а Кристијано Роналдо има 42 поени. Иако изгледа дека е далеку, но и шестопласираниот Лионел Меси не смее да биде отпишан. Тој има 20 гола, што се 40 поени. Но ако Меси дава голови на секој меч во Ла Лига, а способен е да го направи тоа, во последните 10 кола може да си го подобри својот скор и да ги загрози Левандовски и Имобиле. Од англиската лига претставник во трката за Златната копачка е Џејми Варди од Лестер со 38 поени.

- Оглас -

Најнови вести