Левандовски „експлодирал“ во соблекувалната на Баерн и неколку пати го повторил името на новиот клуб

Роберт Левандовски нема да ја продолжи соработката со Баерн Минхен, а останува непознато дали тој летово или по крајот на следната сезона ќе си замине од германскиот првак.

„Билд“, којшто е добро познат по информациите од баварскиот гигант, пишува дека Полјакот во соблекувалната „експлодирал“ во телефонски разговор и дека цело време повторувал едно исто.

Присутните во соблекувалната успеале да разберат дека тој во неколку наврати изговорил и Барселона, а токму тоа е тимот којшто е најзаинтересиран за неговите услуги. Останува да се види дали сето тоа значи дека врвниот голгетер во наредните денови ќе биде официјализиран како играч на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести