Роберт Левандовски смета дека Мундијалот во Катар во зима, односно во ноември и декември е полн погодок и дека финалето меѓу Аргентина и Франција е едно од најдобрите во историјата на фудбалот.
Полјакот и неговите соиграчи беа елиминиран во осминафиналето токму од Франција, а популарниот Лева има интересен поглед на работите.
„Ова финале беше едно од најдобрите во историјата на фудбалот и мислам дека клучен фактор за тоа е што се играше во екот на сезоната. Тоа е полн погодок. Да се играше во стандардниот термин во летен период, веднаш по завршувањето на сезоната како што беше досега, играчите ќе издишеа од замор до 70-75 минута. Сега токму во финишот беа најрастрчани и приредија спектакл“, вели Левандовски.
Мундијалот во Катар е прв што се играше во зима, иако таму беше топло, а и е единствен досега што се играл во текот на сезоната, која беше прекината и според Левандовски, тоа е топ-потег и одлука на ФИФА.