Левандовски ги реши сите дилеми, нема враќање назад

Роберт Левандовски заврши со неговата кариера во Баерн Минхен. Тоа е така, барем според тоа што го кажа полскиот голгетер, кој е на подготовки со својот национален тим.

„Мојата ера во Баерн Минхен заврши. Веќе не гледам можност да играм за овој клуб. Не сакам веќе да играм за него. Трансферот е најдобро решение за сите. Баерн Минхен е сериозен клуб и се надевам дека нема да ме задржува“, одлучно изјави Левандовски.

Проблемите околу Баерн и Левандовски започнаа кога требаше да се продолжи договорот на голгетерот. Актуелниот договор на Левандовски е до јуни 2023 година, а Полјакот сакаше нов долгорочен договор, што не беше прифатливо за баварците.

Левандовски во Баерн е од 2014 година и за осум сезони одигра 375 меча во кои постигна 344 погодоци. Најавите се дека Барселона ќе биде следниот клуб на еден од најдобрите голгетери на денешницата.

- Оглас -

Најнови вести