Левандовски ги загрижи полските навивачи: „Не сум спиен, потребен ми е одмор“

Репрезентацијата на Полска го имаше првиот собир пред натпреварите против Литванија и Малта на домашен терен од квалификациите за Светското првенство, но навивачите на оваа селекција се загрижени од изјавите на првата ѕвезда на екипата, Роберт Левандовски.

Полскиот капитен играше на мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, а рано утрото мораше да патува на собирот на репрезентацијата.

„Искрено, не сум баш наспан по натпреварот со Атлетико. Се вративме во Барселона околу три часот наутро и не можев да заспијам, а само неколку часа подоцна морав да летам на собирот на репрезентацијата. Ќе се обидам да го надоместам одморот кој ми е потребен. Веќе 17 години играм за репрезентацијата и никогаш не сум чувствувал дека не треба да бидам тука. Секогаш сум среќен кога играм за Полска“, рече Левандовски.

Фудбалерот на Барселона се осврна и на мечот против Атлетико Мадрид, на кој Каталонците за 20 минути направија пресврт од 2-0 до 2-4.

„Тежок натпревар во кој губите со 2-0 и на крајот победувате. Тоа ви дава голема самодоверба. Се чувствуваме многу горди поради победата која дојде пред најважниот дел од сезоната“, додаде Левандовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести