Барселона со ист пенал-рецепт како Реал се пласира во финалето на Суперкупот, ќе има „Ел Класико“ во Ријад (Видео)

Барселона по ист пенал-рецепт како и Реал Мадрид се пласира во финалето на шпанскиот Супер куп, а во Ријад, Саудиска Арабија, во недела ќе се игра ново „Ел класико“ за пехар.

Во пенал-рулетот прв погоди Жозе Вилијан за Бетис, а потоа прецизен беше и Роберт Левандовски за 1:1.

Лорен Морон беше прецизен за 2:1 за Бетис, а перфектната изведба на пенали ја продолжи Франк Кеси за 2:2.

Прв промаши Хуанми, односно одбрани Тер-Штеген за предност за Барса, што со гол во третата серија ја потврди Ансу Фати.

Тер-Штеген повторно блесна и му го одбрани ударот и на Вилијам Карвалјо, па Педри со четвртиот гол за Барса во пенал-рулетот донесе финале за Каталонците.

Вечерва во многу драматичен меч Барса имаше повеќе среќа и во пенал-серијата го елиминира Бетис откако по 90 минути игра беше нерешено 1:1 со головите на Роберт Левандовски и на Набил Фекир.

И во продолженијата од двапати по 15 минути имаше по еден гол во двете мрежи, а особено беше убав тој на Лорен Морон за Бетис постигнат со петица за 2:2.

Вчера Реал Мадрид на пенали ја исфрли од игра Валенсија, па по победата на Барса, денеска на ист начин за титулата во Супер купот ќе се игра „Ел класико“ во недела во Ријад.

- Оглас -

Најнови вести