Баерн Минхен мора да се задоволи со реми од 1-1 по гостувањето кај Унион во Берлин во мечот од 11-тото коло во Бундеслигата.
Домаќините ја отворија средбата уште во четвртата минута со голот на Промел при корнер на Унион. Речиси до 70-тата минута европскиот првак бркаше негатива, а за спас од изненадувачки пораз се погрижи најдобриот стрелец Роберт Левандовски.
Полскиот бомбардер го забележа 13-тиот гол во шампионатот оваа сезона и го постави конечниот резултат со ефектен удар.
Баерн сега е на делба на челната позиција на табелата заедно со Лајпциг по 24 бода, додека Унион по 11 меча ќе стои на шестото место со 17 бода.