29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Левандовски го урна рекордот на Ференц Пушкаш стар 61 година

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски не сопира кога се во прашање головите. Тој вечерва урна и рекорд стар 61 година, а беше во сопственост на легендарниот Ференц Пушкаш.

Роберт Левандовски стана првиот фудбалер на возраст над 36 години што постигнал 27 голови во една сезона од Ла Лига. Со ова тој го симна од тронот Пушкаш кој го држеше рекордот со 26 голови уште од 1963 година.

Левандовски вечерва уште во првото полувреме постигна два гола за Барселона на дуелот против Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести