Левандовски го стигна Имобиле во трката за „Златната копачка“

Со голот кој го постигна во вчерашната победа на Баерн од 5-2 против Ајнтрахт, полскиот голгетер Роберт Левандовски, дојде до 27-миот гол сезонава на 27 меча во Бундеслигата. Подобар биланс од него по 27 рунди во Германија имал само легендарниот Герд Милер пред речиси 50 години.

Левандовски е убедливо прв стрелец во Бундеслигата, на вториот Тимо Вернер му бега за шест гола, а популарниот Лева е кандидат и за Златната копачка на Европа. Му оди во прилог тоа што не се игра во останатите топ лиги. Ист скор како Левандовски има и Чиро Имобиле од Лацио. Лигата во Франција нема да се доигра, а во Англија (Варди) и Шпанија (Меси) најефикасните поединци имаат по 19 гола и доста заостануваат во трката.

Веројатно борбата за најдобар стрелец во Европа ќе ја водат Левандовски и Имобиле, но останува да се види судбината на италијанскиот шампионати дали Имобиле ќе добие шанса да си го подобри билансот и да го надмине Левандовски кој ќе биде лидер во трката кога ќе финишира Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести