Левандовски и Феран Торес не запираат, Барса мина лесно со Осасуна

Осасуна со 11-мина Шпанци во стартниот состав не ѝ беше сериозен ривал на Барселона вечерва, па Каталонците победија во заостанатиот меч со 3-0 и пак се први на табелата во Ла Лига со три бода повеќе од Реал Мадрид.

Барса рано поведе со 2-0, погодуваа сезонава одличниот Феран Торес и Дани Олмо од повторен пенал (првиот обид му беше одбранет, но судиите видоа престап на играч на гостите и му дадоа нова шанса на Олмо) и победникот беше решен уште во таа 21-вата минута. Осасуна сезонава има дадено само 7 гола на гости, а на гости кај Барса на четири меча по ред не знаат да погодат.

Лоша вест за Барса е што брзо по голот се повреди Олмо, па мораше да излезе од игра.

Роберт Левандовски беше резерва, но влезе во игра во вториот дел и даде гол, со кој ја потврди победата и своето водство на листата на стрелците.

Барса во календарската 2025 има серија од 19 натпревари по ред без пораз. Во минатото тие секогаш биле шампиони кога на 10 кола до крај имале три или повеќе бодови предност како сега.

- Оглас -

Најнови вести