Левандовски има подобар просек на голови во ЛШ од Роналдо и Меси

Роберт Левандовски со три гола ја почна својата дебитантска сезона како играч на Барселона во Лигата на шампионите.

Овие три гола му помогнаа да го претекне Карим Бензема на третото место на вечната листа на стрелци во историјата на ЛШ, а трети е зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси, според бројот и на хет-трикови во ЛШ.

Но, има еден друг податок според кој Полјакот е подобар од Меси и Роналдо. Тој е поефикасен од нив, дава 0,83 гола по натпревар (89 гола на 107 меча). Меси има 0,80 (125 гола на 157 меча), а Роналдо 0,75 (141 гол на 187 настапи).

Левандовски стана и првиот фудбалер кој во ЛШ имал хет-трик за три различни клубови.

- Оглас -

Најнови вести