Левандовски има топ-честитка во година на прекрасни јубилеи на Баерн (Фото)

Роберт Левандовски со нов рекорд му ги честиташе импресивните јубилеи на Баерн Минхен, клуб што слави 120 години постоење и ги слави со фантастични бројки, со освоена 30. шампионска титула и од вечерва и со 20. куп круна во германскиот куп.

Најдобриот стрелец на Баварците, вечерва ги постигна 50. и 51. гол сезонава во дресот на Баерн во победата против Баер Леверкузен од 4:1 и се запиша во историската книга на германскиот фудбал.

Левандовски е единствениот играч во Германија што петпати бил најдобар стрелец во најмасовното натпреварување, во купот на Германија, или популарниот ДФБ Покал. Еднаш тоа го стори како играч на Борусија Дортмунд и 4 пати како фудбалер на Баерн и тоа во последните четири изданија.

Постигна вкупно пет гола во овој циклус и сега е на врвот пред Ханес Лор, легенда на Келн, кој бил дури четири пати најдобар стрелец во досегашните изданија на купот на Германија.

На третото место е уште една голема легенда на Баерн Минхен, Герд Милер кој трипати бил топ-стрелец во популарниот ДФБ покал.

- Оглас -

Најнови вести