28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Левандовски испиша историја во Бундеслигата која уште долго ќе се памти

Баерн Минхен уште пред неколку дена ја обезбеди титулата во Бундеслигата, но баварскиот гигант не планира да попушти во темпото. По првите 45 минути на дуелот на „Алијанц Арена“, Баерн води со 3:1 против Фрајбург. Кимих ја отвори серијата погодоци, а потоа следуваше шоу на првата ѕвезда на Баерн, Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативец даде два гола и тоа беше доволно да испише нова историска страница во историјата на Бундеслигата.

Со овие два гола, Левандовски стигна до 33 погодоци сезонава, со што стана најефикасниот странски играч по бројот на погодоци во една сезона. Претходниот рекорд го држеше Пјер Емерик-Обамејанг со 32 погодоци во една сезона, а Левандовски веќе има 33 гола. Следна цел на Левандовски е да го достигне рекордот на Дитер Милер кој во сезоната 1976/77 даде 34 погодоци во дресот на Келн.

- Оглас -

Најнови вести