12.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Левандовски ја игра последната сезона за Барселона, неговата замена ќе чини 65 милиони евра

Договорот на Роберт Левандовски со Барселона завршува на крајот од оваа сезона и веќе станува јасно дека нема да биде продолжен. „Каталонците“ се подготвени бесплатно да се откажат од неговите услуги, а најголемата желба за негова замена е Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид.

Сепак, Аргентинецот би ги чинел најмалку 100 милиони евра, сума која Барселона ја нема. Токму затоа, Жоан Лапорта има план Б, а тоа е купување на Хари Кејн од Баерн Минхен.

Англичанецот неколкупати изјавуваше дека сака нов предизвик во кариерата, а сигурно дека повик од Барселона тешко се одбива. Кејн има откупна клаузула од 65 милиони евра, доколку некоја екипа сака да го ангажира следното лето, па Барселона ќе може да го купи и без да преговара со „баварците“, доколку ги договори личните услови со фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести