Левандовски ја шокираше Полска: Нема да играм за националниот тим додека тој е селектор!

Роберт Левандовски преку Инстаграм објави дека нема да игра за репрезентацијата на Полска сè додека Михал Пробиеж е селектор на националниот тим.

Леви не може да му прости на селекторот што му ја одзеде капитенската лента и му ја додели на Пјотр Зјелински. Левандовски беше капитен уште од 2014 година, а не се појави на јунските подготовки и мечеви поради замор по што била донесена одлука Зјелински да биде капитен и тоа не привремено туку и кога Левандовски пак би заиграл за Полска.

„Имајќи ги предвид околностите и загубата на доверба во селекторот на полската репрезентација, решив да се повлечам од полската репрезентација додека тој е на својата позиција. Се надевам дека повторно ќе можам да се натпреварувам за најдобрите навивачи во светот“, напиша ѕвездата на Барселона на својот Инстаграм профил.

Инаку 36-годишникот игра за Полска од 2008 година и на 158 настапи има 85 гола.

- Оглас -

Најнови вести