Напаѓачот на Полска, Роберт Левандовски, ќе продолжи да го носи дресот на националниот тим и нема никаква намера да ја заврши кариерата на меѓународно ниво, информираат полските медиуми. Одлуката за иднината на стрелецот на Барселона веќе е донесена и нема на никаков начин да зависи од претставувањето на селекцијата на ЕВРО 2024.
Медиумите во Полска истакнуваат дека всушност пред извесно време Левандовски размислувал за таков чекор, но проектот на сегашниот селектор Михал Пробиеж го освоил напаѓачот, кој ќе биде на располагање и за натпреварите од Лигата на нациите оваа есен против Хрватска, Шкотска и Португалија, како и за квалификациите за Светското првенство 2026 кои започнуваат следната пролет.
Надежите на сите во Полска се дека Роберт Левандовски ќе се врати во стартниот состав вечерва за вториот дуел на тимот против Австрија.
Полјаците драматично загубија од Холандија со 1-2, со примен гол во завршницата на натпреварот.