Левандовски: Ќе се вратам во Баерн

Роберт Левандовски пристигна во Барселона и утре официјално треба да биде промовиран во нов играч на каталонскиот гигант. Полјакот во Барселона доаѓа од редовите на Баерн Минхен каде помина осум фантастични сезони и имаше просек од речиси по еден гол на меч.

Барселона за потписот на Левандовски плати 50 милиони евра на Баерн, а напаѓачот ќе добива годипна олата од девет милиони евра. Левандовски со Баерн ги освои сите највредни трофеи, но сепак не си замина на најпријателски начин од клубот. По завршување на целата сага и комплетираше на трансферот во Барселона, Левандовски даде ветување.

„Ќе се вратам во Баерн за да се простам со сите како што доликува. Денеска немав време. Не можам да го заборавам цело тоа време кое го поминав во Минхен. Имав осум незаборавни години и ми беше многу убаво. Се надевам дека ќе се вратам за да си кажеме збогум“, рече Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести