Левандовски ќе заработува помалку од тоа што добиваше во Баерн, но сепак е задоволен, агентот доби вистинско богатство

Роберт Левандовски во следните три сезони ќе го носи дресот на Барселона, откако каталонскиот гигант плати 45 милиони евра за трансфер од Баерн Минхен, а сумата може да биде плус пет милиони во зависност од бонусите.

Според инфоркациите, Левандовски во Барселона ќе добива девет милиони евра по сезона, што е три милиони помалку од тоа што досгеа го добиваше во Баерн. Сепак, Полјакот е заодоволен затоа што Барселона му понудија нешто што Баерн не сакаше да му го даде.

Германскиот гигант му нудеше на Левандовски продолжување на договорот за само уште една сезона, додека Барселона му даде договор на три години.

Од трансферот на Левандовски сите беа задоволни, а еден од оние кои може да биде најзадоволен е и менаџерот на Левандовски, а тоа е Пини Захави кој доби 20 милиони евра провизија за реализација на овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести