Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се уште е актуелен во германските медиуми, со оглед на тоа дека најголем дел од кариерата помина токму во германската Бундес лига. Во интервју за германски Билд, Левандовски изјави дека Клоп го повикал во Ливерпул, но не ја сфатил сериозно понудата.
– „Беше тоа на пријателскиот натпревар меѓу Баерн Минхен и Ливерпул во 2017-тата година. Во таа прилика разговарав во Клоп. Тогаш ме праша: Зарем не сакаш да дојдеш во Ливерпул? Го погледнав и само почнав да се смеам. Не бев сигурен дали е тоа сериозно прашање, но заминувањето во Ливерпул никогаш не беше дел од моите планови.“