Роберт Левандовски постигна два од трите гола за Баерн Минхен во куп финалето против Лајпциг, а Баварците на убедлив начин стасаа до 19. круна.
На меч на кој и официјално од клубот се простија Робен и Рибери, блескаше Полјакот. Ќе ни биде гостин на 7. јуни кога Полска игра со Македонија во квалификациите за ЕП 2020 година, а вечерва покажа дел од својот репертоар.
Левандовски погоди прв на мечот, во 29. минута и тоа со глава во ситуација кога се чинеше дека не може да ја затресе мрежата. Покажа дека е класа голгетер и дека во топ-форма доаѓа во Скопје.
https://www.youtube.com/watch?v=dfHbs8ZwFcA
Шпицот на Баерн ја почна и ја заврши победничката приказна за освојувачот на двојната круна со нов гол во 85. минута, а претходно прецизен беше и Коман.
Баерн е рекордер со 19 пехари во купот, а Лајпциг не успеа во првото клупско финале во купот што се играше во Берлин.