Роберт Левандовски конечно даде прв мундијалски гол за Полска, погоди во 82. минута и ја потврди победата од 2:0 на својата репрезентација против Саудиска Арабија.
Еден од најдобрите стрелци на планетата долго постеше на Светските првенства, а денеска го даде 77-от гол за Полска.
Primer gol de Lewandowski en un mundial y se tira al suelo a llorar. pic.twitter.com/QX2VNP6Edg
— rubén (@rubennatm) November 26, 2022
Иако според резултатот изгледа дека Полјаците славеа рутинска победа, не беше така на „Едукејшн сити“ стадионот во Ал Рајан.
Пјотр Зелински прв погоди во 39. минута на асистенција токму на Левандовски, а потоа Саудиска Арабија промаши пенал.
Ал Давсари беше трагичарот со утнат удар од 11 метри и можност да израмни на 1:1 во првата минута од продолжението во првото полувреме.
Иако загубија репрезентативците на Саудиска Арабија пак одиграа добар меч, откако во првото коло со пресврт приредија сезнација со триумф против Аргентина.
Денеска имаа огромен посед на топка од 64 посто, имаа повеќе удари кон голот од ривалот и многу подобри шанси, но промашуваа и беа казнети.
По две кола Полска е лидер во Ц групата со 4 бода, еден повеќе од Саудиска Арабија. Аргентина е без бодови, но вечер од 20 часот го игра мечот од второто коло со Мексико, селекција која има еден бод.