Левандовски мечтае да го сруши 48 години стариот рекорд на Герд Милер

Роберт Левандовски, најдобриот стрелец на Баерн Минхен, успеа да прекине еден пост и дури во шестиот меч даде гол во дуелите со Фортуна Дизелдорф. Полјакот даде два гола во убедливата победа од 5:0 предводејќи го Баерн на чекор од одбрана на титулата во Бундеслигата.

Левандовски сега има 29 гола во првенството, четири повеќе од Тимо Вернер од Лајпциг, кој е вториот најпрецизен во германското првенство. Доколку ја задржи предноста пред Вернер, Левандовски ќе стане првиот фудбалер кој три години по ред е најдобар стрелец во германската елитна фудбалска лига. Полјакот досега четири пати бил најдобар стрелец во сезоната во Бундеслигата.

Голем сон на Левандовски е да го достигне рекордот на легендарниот Герд Милер од сезоната 1971/72. Легендата на Баерн речиси пред 50 години успеа во една сезона да даде 40 гола, биланс кој е недостижен досега. За да го стигне Милер, на Левандовски му требаат уште 11 погодоци во последните пет меча.

Коефициентот на Лева е 1,07 погодоци на меч, што значи дека ако се продолжи во тој просек, на крајот ќе има 34 гола и нема да го стигне Милер. Сепак, фактот покажува дека Левандовски сезонава постигнува погодок на секои 60 минути, што е многу подобро од просекот на Герд Милер пред 48 години, кога легендата на Баерн погодувал на секои 77 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести