Договорот на Лео Меси со ПСЖ завршува налето, а потпис на нов нема на повидок. Познато е дека Меси не е среќен во ПСЖ и покрај добрите игри во дресот на Светците. Пред извесен период се појави информација дека неговиот татко, кој воедно е и негов менаџер, се сретнал со претседателот на Барселона, Лапорта, околу враќањето на Меси на „Камп ноу“. Овие разговори беа потврдени, а сега со свој став во медиумите излезе и напаѓачот на каталонскиот клуб, Роберт Левандовски.
„Меси ѝ припаѓа на Барселона и ако се врати, тоа ќе биде нешто неверојатно. Сите знаеме дека неговото место е тука, во Барселона. Не знам што ќе се случи, но се надевам дека следната сезона ќе играме заедно“.
Сепак, ако сака Барселона да го врати Меси во своите редови, најпрво ќе мора да ја среди финансиската состојба во клубот.