Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, му порача на младиот клупски колега да почне да учи англиски јазик за да може да напредува и како личност и како фудбалер.
„Имам еден совет за Гави, за почеток нека почне да учи англиски јазик. Доколку сакаш да бидеш меѓународно признат, мораш да го знаеш англискиот јазик. Јас моментно учам шпански јазик, а видете колку сум стар. Многу полесно може да се научи англиски јазик отколку шпански. Веќе му реков на Гави дека не е важно да успее што побрзо, туку е најжно тоа што доаѓа“, изјави Левандовски.
Полјакот кој на почетокот од сезонава пристигна во Барселона од Баерн Минхен, течно зборува англиски, германски и полски јазик, а веќе интензивно го учи и шпанскиот јазик.