Левандовски на доделувањето на наградата од ФИФА носеше часовник вреден 115.000 евра (Фото)

Роберт Левандовски е најдобар фудбалер на светот за 2020 година, а Полјакот од Баерн Минхен кога ја примаше наградата од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се појави со многу вреден часовник на раката.

Лева, кој има 32 години, заслужено победи во гласањето, знаеше дека тој ќе победи, па се облече свечено за оваа пригода. Костумот што го носеше веројатно вреди неколку илјади евра, но на сите во очи им падна прекрасниот часовник што го носеше на левата рака.

Станува збор за часовник каков што ретко кој има бидејќи од 2018 година, кога почна да се произведува, па наваму произведени се само стотина примероци. Часовникот е со големина од 41 милиметар, а дебелината му е 9 милиметри. Вреди 115.000 евра, а бидејќи Левандовски е еден од најплатените фудбалери на светот, може да си го дозволи.

 

- Оглас -

Најнови вести