Капитенската лента која за време на фудбалскиот Мундијал во Катар ќе ја носи полскиот капитен Роберт Левандовски ќе биде во боите на украинското знаме.
Полјаците им даваат голема поддршка на нивните источни соседи кои се воено нападнати од Русија, прифатија многу бегалци, а и украинските клубови како домаќини на меѓународните средби играат во Полска.
Украинската легенда Андриј Шевченко му ја даде лентата на Левандовски, а напаѓачот на Барселона му се заблагодари на Шева и порача дека ќе му биде голема чест да носи ваква лента на СП. Украина нема да биде дел од СП, но преку оваа капитенска лента светот ќе се потсети на Украинците и тоа што се случува во нивната земја.