Левандовски не оди никаде, останува во Барселона најмалку уште една сезона

Роберт Левандовски ќе остане најмалку уште една сезона во Барселона откако во јавноста беше откриена клаузулата од неговиот договор. Полскиот репрезентативец иако следната сезона ќе има 37 години, продолжува да ги тресе мрежите, а оваа сезона веќе одигра 33 натпревари за Каталонците.

Условот за автоматско продолжување ќе биде исполнет веќе на мечот против Рајо Ваљекано, а тој гласи дека доколку одигра најмалку половина од натпреварите оваа сезона, тој и наредната сезона ќе остане на „Камп ноу“. Доколку се земе максималниот број натпревари коипто може да ги одигра Барселона оваа сезона, тогаш половината ќе биде надмината во понеделник, на мечот против Рајо Ваљекано.

Левандовски во Каталонија пристигна во 2022 година од Баерн Минхен, трансфер кој вредеше 45 милиони евра. За Барселона одигра 128 натпревари, на кои постигна 90 гола, а имаше и 20 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести