Левандовски: Не сум среќен!

Роберт Левандовски утре нема да игра за Барселона на гостувањето кај Викторија П’лзењ, па имаше време да даде интервју во кое кажа дека е многу несреќен што Барса не се пласирала во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Левандовски е прв стрелец во шпанската лига, таму добро му оди, ја предводи Барса во трка за титулата, но тимот утре ќе заврши со настапи во ЛШ и потоа ќе продолжи во Лигата на Европа, која е само втора лига во клупскиот фудбал во Европа.

Полјакот побара трпение и верба од фановите на Барселона.

„Очигледно е дека не сум задоволен, Барселона треба да биде во осминафиналето. Но, и пред да дојдам во Барса ми беше јасно дека првата сезона може да биде потешка. Не очекував во првата сезона сè да оди како подмачкано. Клубот е во процес на закрепнување, тоа одзема време и треба да бидеме трпеливи. Сигурен сум дека ќе пораснеме како тим и следната сезона ќе бидеме поуспешни“, рече Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести