Најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, Роберт Левандовски, беше многу искрен во одговорот на прашањето дали мисли дека Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе ќе доминираат во светскиот фудбал, и ќе бидат наследници на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Мбапе има 23 години и две години е постар од Халанд, исто како што Кристијано е две години повозрасен од Меси.
„Меси и Роналдо ги освоија сите можни трофеи, направија премногу. Мислам дека во следните десет години, неколку играчи ќе конкурираат за титулата најдобар на светот. Халанд и Мбапе имаат вештини, но којзнае дали ќе се појават и други млади напаѓачи во следните две-три години. Но, не можам да замислам тие да доминираат во фудбалот на начин на кој тоа го правеа Роналдо и Меси во изминатите 12 години“ – изјави Левандовски.