5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Левандовски: „Не знам по кој пат да кренам!“

Договорот на Роберт Левандовски и Барселона истекува налето, а полскиот репрезентативец се уште не знае дали и каде ќе ја продолжи кариерата. Тоа го потврди и во изјава за полските медиуми, во која најпечатливо е она „не знам по кој пат да кренам“.

„Се уште имам време да донесам одлука. Во моментов не знам каде сакам да играм. Се уште немам потреба да размислувам за тоа. Не знам по кој пат да кренам, но немам никаков притисок. Не се работи за намалувањето на мојата плата на пола. Многу зависи и од она што јас го сакам. Бев повреден двапати. Во вториот дел од сезоната мора добро да се подготвам физички, но и да немам други здравствени проблеми. Сакам да дадам се од себе.“ – рече Левандовски.

Полскиот напаѓач има понуди од бројни европски клубови, но и од оние од МЛС лигата и од Саудиска Арабија, но се уште размислува дали да ја продолжи кариерата или да остане со семејството и да живеат во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести