Левандовски оди по стапките на Роналдо и ќе се сели во Саудиска Арабија?!

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, по завршување на сезоната може да се пресели во Саудиска Арабија, објави англиски „Дејли мејл“.

Весникот пишува дека Полјакот и летово имаше богата понуда од тим од Саудиска Арабија, но одлучи да остане во Барселона уште една сезона.

Наводно, Левандовски планира во наредните неколку месеци заедно со својот агент да разговара со саудиските екипи и доколку најде заеднички јазик, најверојатно идното лето ќе ја напушти Барселона, со која има договор до 2026 година.

Левандовски во Барселона пристигна минатото лето од Баерн Минхен и за каталонскиот тим одигра 55 натпревари, на коишто постигна 39 гола во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести