Левандовски ограбен: Застана да ги поздрави навивачите, а тие му украдоа часовник од 70.000 евра

Роберт Левандовски денеска се соочи со едно многу непријатно искуство. Пред да влезе со автомобилот во тренинг-центарот на Барселона, застанал да потпише автограми, а еден од фановите во групата го искористил моментот и му украл часовник вреден над 70.000 евра.

Според каталонските медиуми, Левандовски почнал да го брка крадецот, но крадецот побегнал. Полицијата сепак си ја завршила работата и го фатиле крадецот, а часовникот бил најден закопан под едно дрво.

- Оглас -

Најнови вести