Левандовски: Останувам во Барселона и следната сезона

Роберт Левандовски ги демантираше шпекулациите кои се појавија во последните неколку недели дека планира да си замине од Барселона во летниот преоден рок.

„Дали останувам во Барселона? Се зборува за сè, но мене не ме интересираат тие шпекулации. Фокусиран сум само на Барселона и следната сезона. Тоа е едиствено за што размислувам“, изјави Левандовски за весникот „Мундо депортиво“.

Полјакот има договор со Барселона до 2026 година и најавува дека следната сезона ќе биде многу подобра од оваа во која каталонскиот тим не освои ниту еден трофеј.

„Знаеме дека можевме и моравме да бидеме подобри и на резултатски и играчки план, но убеден сум дека идната сезона ќе бидеме многу подобри“, вели Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести