Левандовски откри која е главната причина зошто сака да си оди од Баерн

Сапуницата околу останувањето, односно заминувањето на Роберт Левандовски од Баерн Минхен продолжува. Најдобриот стрелец на баварскиот гигант одлучно сака да си замине од „Алијанц арената“ иако има уште една година од договорот.

Левандовски во последната изјава објаснува дека нешто „умрело“ во него и дека едноставно мора да си замине.

„Сакам да си одам бидејќи сакам повеќе емоции во мојот живот. Во Баерн немаа доволно желба и разбирање за мене и не сакаа да ме слушаат. Едноставно, во мене нешто наеднаш го снема. И не можам да преминам преку тоа. Дури и ако сакате да бидете професионалец, тоа едноставно е премногу“, беше последната реакција на Левандовски.

Според сите очекувања, Левандовски во овој преоден рок ќе направи трансфер во Барселона, но финансиската ситуација на каталонскиот гигант е лоша и прашање е дали ќе дојде до реализација на овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести