Левандовски откри зошто не би играл во ПСЖ

Роберт Левандовски ужива на одмор во Шпанија и е во исчекување на трансфер во Барселона. Полскиот голгетер најави дека неговата кариера во Баерн Минхен е завршена, иако има уште една сезона од договорот.

„Мојата приказна со Баерн Минхен е завршена. Последните неколку месеци не можев да замислам дека тука ќе останам. Трансферот ќе биде добро решение за сите“, рече Левандовски.

Барселона последно понуди 40 милиони евра за трансфер, плус пет милиони евра во вид на бонуси. Освен Барселона, Левандовски имал понуда и од Пари Сен Жермен, но Полјакот открил дека никогаш не би заиграл во таа екипа и има причина зошто е тоа така.

„Полјакот размислува само за Барселона и договорот треба да биде потпишан најдоцна до 12 јули. Левандовски не размислува за играње во ПСЖ затоа што ќе го доживее истото сценарио како во Бундеслигата. Тоа е лига без емоции. Сосема поинаков предизвик е освојување на Примера дивисион“, пишува каталонскиот Спорт.

Левандовски е во Баерн Минхен од 2014 година, а претходно четири сезони играше во Борусија Дортмунд, што значи дека 12 сезони е дел од Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести