Левандовски почна да тренира со Баерн, но тој и неговото семејство добивале смртни закани

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, почна да тренира со екипата на Баерн, но во мислите е далеку од Минхен, и чека трансфер во Барселона.

Левандовски има договор со Баварците до следното лето, а иако доцнел, сепак се појави на тренинг. Желба му е до крајот на неделава Барса и Баерн да се договорат и тој да се пресели во Каталонија.

На 19-ти јули, Барселона заминува за Мајами на турнеја во САД, а еден ден порано Баерн истотака оди во САД, во Вашингтон. Дотогаш треба да се знае кој ќе го има Левандовски како дел од тимот во следната сезона. Баерн не попушта, си има свои барања кои Барселона засега не ги исполнува, но Левандовски не сака да игра за германскиот првак.

Полските медиуми пишуваат дека до Леви и семејството (сопругата Ана и малите ќерки Клара и Лаура) преку социјалните мрежи стигнуваат заканувачки пораки.

- Оглас -

Најнови вести