Левандовски погодува и асистира, Халанд се нервира (Видео)

Роберт Левандовски засега го добива дуелот со Ерлинг Халанд во Суперкупот на Германија. Со неговиот погодок во 42-рата минута Баерн поведе со 1:0 против Борусија Дортмунд, а потоа Полјакот имаше и асистенција до Томас Милер за 2:0 само 8 минути подоцна.

Популарниот Лева постигна гол во негов стил со убав удар со глава во финишот на првото полувреме, а многу интересна беше реакцијата токму на Халанд, што ја забележаа камерите.

https://twitter.com/SznValverdee/status/1427713255292776448?s=20

Шпицот на Борусија се изнервира и тоа воопшто не го криеше откако ривалот од Минхен поведе со 1:0.

Претходно и двете екипи имаа по неколку шанси, а најубавата ја промаши Марко Ројс во 20-тата минута, кога имаше чист зицер, но Мануел Нојер со страшно атрактивна интервенција со нога спречи предност од 1:0 на Милионерите.

Халанд постигна гол во 53-тата минута, но беше поништен поради офсајд.

Neuer great save vs Dortmund (German Supercup) from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести