Веќе на сите им е јасно дека договорот на Роберт Левандовски со Барселона истекува на крајот од оваа сезона и тој нема да биде продолжен. Полскиот интернационалец веќе влезе во последните шест месеци од договорот, а тоа му дозволува слободно да преговара со други екипи.
Левандовски, односно неговиот менаџерски тим, веќе започнале преговори со членот на МЛС лигата, Чикаго, но се уште нема дефинитивна одлука. Раководството на „каталонците“ е запознаено со преговорите и ја следи ситуацијата, но истовремено е во потрага и по наследник за напаѓачот.
Сепак, полскиот репрезентативец се уште нема одлучено дефинитивно што ќе прави по Барселона, дали воопшто ќе продолжи да игра фудбал и каде или ќе се пензионира. Интересот за него не недостасува, иако се чини дека Левандовски потајно се надева дека работите може да се променат во последен момент и тој да остане во Барселона.

