Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен, е прогласен за најдобар играч во Бундеслигата за сезоната 2019/20. Полскиот бомбардер сосема заслужено ја добива МВП наградата откако ги предводеше Баварците до осмата последователна титула во германскиот шампионат, вкупно 30-та во клупската историја.
Левандовски во пресрет на последното коло од тековната сезона брои 31 погодок и веќе е најдобар голгетер во шампионатот, спојувајќи ги двете индивидуални награди. Искусниот полски репрезентативец сезонава постави лигашки рекорд запишувајќи се како стрелец во 11 последователни натпревари, а воедно успеа да даде барем еден гол на сите 17 екипи во Бундеслигата.
https://twitter.com/Bundesliga_DE/status/1276515563351793664