Левандовски сака што поскоро да ги реши дилемите, конечно се разбуди европскиот првак (видео)

Роберт Левандовски практично ги реши дилемите во големото дерби меѓу Барселона и Баерн Минхен. Полскиот бомбардер се најде на вистинското место во 56-тата минута откако ударот на Мусијала се одби од дирекот, па Левандовски рутински ја затресе празната мрежа за 2-0 на Баварците, кои се блиску да слават на „Камп ноу“ првпат по околу осум години пауза.

Челзи конечно по 70 минути игра, го скрши отпорот на Зенит благодарение на Лукаку. Белгискиот напаѓач заби ефектен гол со глава по нафрлувањето на Аспиликуета, па ја продолжи голгетерската серија на четири гола по своето враќање во редовите на актуелниот европски првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести