Роберт Левандовски треба да ја предводи полската репрезентација на гостински терен против Русија, во Москва, на бараж мечот на 24. март за пласман на Светското првенство, но и тој и Полјаците притискаат да не се игра во Русија.
„Не можам да замислам во ваква ситуација кога Русија ја напаѓа Украина да играм фудбал таму. Рускиот народ и фудбалерите не се виновни, но не можеме да се преправаме дека ништо не се случува“, вели кралот на стрелците во Европа.
Русите на ждрепката за двата предвидени баражи имаа среќа и на двата, ако победат против Полска треба да играат на домашен терен.
Првите баражи се на 24. март, датум на кој и Македонија ќе и гостува на Италија, а последниот чин е закажан за 29. март.
Во случај Русија да ја победи Полска, пак треба да игра на свој терен против победникот од мечот меѓу Шведска и Чешка што ќе се игра на 24. март во Солна.
Ако Македонија приреди подвиг во Палермо и ја елиминира Италија ќе игра за настап на Мундијалот повторно на гости на 29. март против Португалија, или Турција.
Само победниците во двата баражи, а ќе бидат три репрезентации ќе играат на Светското првенство во Катар во ноември и декември оваа година.