Левандовски се надева дека уште долго ќе остане во Барселона

Напаѓачот на Барселона,Роберт Левандовски изјави дека се надева дека уште неколку години ќе може да игра на највисоко ниво, а тоа значи подолг престој на „Камп Ноу“.

Минатото лето, по осум години поминати во Баерн, Левандовски се пресели во Барселона со која потпиша до 2026 година.

„ Не размислувам колку долго ќе останам во Барса. Сè уште мислам дека можам уште неколку години да играм на високо ниво, но не знам до кога. Сигурен сум дека нема да биде уште една или две години, туку повеќе. Се надевам дека ќе останам во Барселона многу години. Сега го разбирам изначењето на слоганот „Повеќе од клуб“ изјави Левандовски.

Полјакот игра одлично сезонава, одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 25 гола.

Барселона има шанса да триумфира во Ла Лига биде има девет бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, против кого славеше со 1:0 во првиот полуфинален дуел во шпанскиот Кралски куп.

Каталонскиот тим го заврши настапот во Лигата на Европа откако во нокаут-фазата беше елиминиран од Манчестер Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести